Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема да се повтори случајот во кој на промоцијата на новите таблички на службените возила вицепремиерот Арбен Фетаи во изјава за медиумите зборуваше само на албански јазик, без да има превод. Мицкоски денеска рече дека со Фетаи комуницираат само на англиски затоа што се иселил од државава на шест години, но оти во изминатите 15 месеци се труди да го научи македонскиот јазик.
Мицкоски денеска на новинарско прашање какви постапки ќе преземе се извини во свое име и рече оти е убеден дека и Фетаи ќе го стори истото.
Оцени дека на Фетаи „не му е таа намера како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се труди да го учи и зборува македонскиот јазик“, како и дека „единствената грешка е што немало преведувач во ситауција кога некој се одлучил да се обраќа само на албански јазик“.
- Имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Влада на англиски јазик. Зошто? Затоа што тој од својата шеста година е отселен од Македонија и живее во Белгија и говори течно четири јазици, француски, холандски, англиски, итн. Нашата комуникација се одвива на ангиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија зад себе. Школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се обидува, се труди да го учи и зборува македонскиот јазик и знам изминатите 15 месеци коку енергија вложува во тоа. Единствената грешка во случајот е ако одлучи некој да се обраќа на албански јазик да си носи со себе преведувач. Јас во мое име се извинувам на новинарите и убеден сум бидејќи веќе разговаравме со потпретседателот, дека тој ќе го стори истото и таа грешка нема да се случи повеќе во иднина, изјави Мицкоски, кој беше во посета на ГОБ „8 Септември“.
МИА
Ново на Сител
-
Хамас: Нападот во Катар не ги менува нашите услови за завршување на војната во Газа
-
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
-
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации