Мицкоски: Во политиката нема празен простор
Премиерот ја советува опозицијата да се приклучи на процесот на меѓупартиска комуникација за реформските закони. Вели, не знае дали СДСМ ќе даде поддршка на сејф сити но според него, граѓаните веќе го сториле тоа
Мицкоски вели дека по празното столче на лидерската средба, во СДСМ треба да бидат свесни дека нивното место во опозицијата брзо ќе го пополнат други партии
Опозицискиот лидер Филипче вчера не откри дали СДСМ ќе гласа за Законот за прекршоци кој е клучен за да профункционира сејф сити. Рече дека не жали што останал надвор од процесот на разговори меѓу партиите бидејќи според него, не требало да се дава легитимитет на власта бидејќи таа не давала одговори на темите кои СДСМ сака да ги наметне во јавноста.
На Бихаќка денеска одбележаа 10 години од заминувањето на Груевски. Констатираа дека во ВМРО се било исто
„После 2 години граѓаните повторно живеат тешко, стандардот им опаѓа, македонските работници имаат најниски плати во регионот а владата не презема ништо
Повторно се врши партизацијата на сите институции, власта ги зема под своја контрола судството и обвинителството, ја злоупотребува и полицијата за партиски цели.“ – се вели во соопштението на СДСМ
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
