Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот разбира, посочува денеска преку објава на својот Фејсбук профил премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-И сега не зборувам како политичар, туку како човек што верува дека оваа земја може да биде нормална. Веруваме дека оваа земја заслужува подобро и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди и покрај сите предизвици да направи подобро. Идината започнува денес, не утре. Ние ја започнавме нашата иднина и нема назад, напиша Мицкоски.
Апелира граѓаните на вториот круг да изглегуваат и да гласаат гордо, достоинствено, мирно, со разум и со срце.
-Направете го вистинскиот избор. Изберете свој човек, изберете го своето место затоа што се бориме за вашата, за твојата иднина!, посочува Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
