-->
-->
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-->

Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и и ако мисли дека е така, треба да постапува, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната постапка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која вчера од Чаир ги повика надлежните да постапат затоа што на државно земјиште се гради дивоградба.
-Таа има ингеренции и ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика, народот нема фајда, изјави Мицкоски.
Вчера, градоначалничката на Скопје преку пренос во живо на социјалните мрежи информираше дека на државно земјиште во општина Чаир е дозволено да се гради дивоградба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
