Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика.
Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година.
- Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки - рече Мицкоски.
Посочи дека за разлика од пред четири години кога се откупувал тутунот за 150 денари за килограм, сега се потпишуваат договори за откуп на тутунот за 450 денари.
- И она што е различно е дека тогаш имавме 16,17 18 милиони килограми тутун, а сега имаме 26,27, 28 милиони килограми тутун - рече Мицкоски.
Оцени дека опозицијата ги манипулира граѓаните и земјоделците.
- Секогаш сакам да зборувам за бројки, а не за конструкции кои, за жал, очајната опозиција која нема идеја и не знае како, се обидува да ги манипулира граѓаните и земјоделците. Жалам што имаме опозиција каква што е, но ние мораме да одиме напред, Македонија мора да забрзува - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
