Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик, за што рокот истекува денеска, но, сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Нека се договорат, рече, за неговата содржина во која ќе е вклучено и гласањето на дијаспората и тој веднаш ќе биде усвоен.
Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од реформската агенда и дека тоа е така потврдила и еврокомесарката Марта Кос при неодамнешната посета на земјава. Вели дека претставниците на опозицијата прават се да не стигнеме каде што треба, но оти и со нив и без нив, Владата продолжува да ги реализира стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во ЕУ.
-Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став и на маса им кажавме - еве договорете се, напишете го, донесете го, сè додека гласањето на дијаспората е вклучено во него, ние бланко ќе го поддржиме. Поминаа денови, тие се натегаат кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. Јас денеска еве ги повикувам на зрелост, на одговорност, и претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилото на Зијадин Села, на Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат и нека донесат закон во којшто е вклучено гласањето на дијаспората, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Општина Сарај.
Владејачкото мнозинство, рече тој, ќе го прифати, без воопшто да полемизира на таа тема.
-Еве, покоректно јас не знам што можеме ние како Влада да направиме, рече Мицкоски.
Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Изборниот законик не е дел од реформскиот план за раст Мицкоски рече дека најдобар демант е тоа што Кос при неодамнешната посета потврдила дека е тоа така и повикала на соработка за негово донесување.
-Не знам дали понекогаш СДСМ и треба да ја коментираме. Но, ова прашање заслужува коментар бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. Впрочем, сите можеа да ја слушнат комесарката Марта Кос како таа тоа го кажа. Мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајов, еве нека ја слушаат комесарката Кос. Таа кажа дека тоа е дел од реформите коишто се битни за евроинтеграција. Знаете, чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес, т.е. да бидам попрецизен, нивен џеб, тогаш полни им се устите со Европа, Европа и само Европа. Кога треба да зборуваме за одговорност и носење потези, кога се во опозиција, тогаш сè прават само за да не стигнеме таму каде што треба да стигнеме. Но и со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски во одговорот на прашањето.
МИА
Ново на Сител
-

Велика Британија ќе испрати дополнителни 400 војници во Естонија за зајакнување на источното крило на НАТО
-

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот
-

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор и силни институции
-

Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
