Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена

Судот донесе пресуда која е во согласност со правдата и сè она што претставува очекување на граѓаните во однос на измислените случаи „Талир 1“ и „Талир 2“. Oслободителната пресуда на поранешниот премиер Никола Груевски, пак, е последица на законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада - изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
-Мојот став е многу јасен. Во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид агресија од страна на претходната влада, тие измислија случаи што не постојат, како што се „Талир 1“ и „Талир 2“. Вчера, конечно, судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е соодветна и во согласност на правдата и на сè она што претставува очекување на граѓаните. Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето што е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од измените во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ - рече Мицкоски на новинарско прашање по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај.
Како резултат на тие законски измени, нагласи тој, имало многу политички амнестии, а ќе има многу и во иднина.
-За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка потоа станува правило и ве следи. А што се однесува до политичката партија, најголемата политичка партија во државата - ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека, конечно, правдата е задоволена - додаде Мицкоски.
Основниот кривичен суд Скопје вчера го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквата ослободителна пресуда, како што беше кажано, е исклучиво резултат на донесување на Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик во 2023 година, а судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на партијата.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
