Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0,4 проценти, цената на лебот не е зголемена

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека по направените анализи е дојдено до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0, 4 проценти. Во однос на профитните маржи тие, вели премиерот, се намалени. За лебот Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената туку дури и поевтинување, како и дека во разговорите со мелничарите било посочено цената на лебот да остане иста или да се поевтини.
- Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба што ја направивме на цените од 1 февруари и од први април дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е од прилика за 0,4 проценти, кога ќе се споредат оние цени кои ги затекнавме од 1 април со оние цени од 1 февруари. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи кои ги зголемиле своите цени за неколку проценти односно за двоцифрен број проценти, да бидам попрецизен, тоа значи над 10 проценти. А кога станува збор за профитните маржи можам да кажам дека тие се намалени споредено со 1 февруари на 1 април - рече Мицкоски.
Ако на 1 февруари, појасни тој, просечните профитни маржи биле нешто над 15 проценти, според нивните калкулации сега се намалени под 15 отсто, додека според дистрибутерите и ланците бројката била поинаква.
- Сега се под 15. Мислам дека се некаде околу 14, 7 проценти, повторно ќе кажам според нашата математика. Во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за одредена група на производи каде што имаме двоцифрен број проценти зголемување и наскоро ќе излеземе со таков став. Инаку, имаме и производи кои за волја на вистината и се поевтинети. Инаку, ги споредувавме четири маркети. Јас не би кажувал сега детално за цените за тие маркети, но тие маркети се Зур, Кипер, Кам и Веро, рече Мицкоски. Според него, таа анализа е направена многу темелно.
Двоцифрениот раст на цените, според премиерот, е забележан кај зеленчукот, кај доматите, краставиците, кај јајцата...
Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, вели дека не би требало да почуствуваме поголем ценовен удар затоа што процентуалното учество на оној дел на кој што се зголемени транспортните трошоци не дава за право да сметаме дека ќе имаме огромен инфлаторен скок за следниот месец бидејќи влезот во крајната цена на транспортните трошоци наспроти зголемената цена на маргините на дизелот и бензините не е така голема. - Зборуваме за еден до два проценти - рече Мицкоски, кој беше на промоција на возила за Македонска пошта.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
