Loading Video...
Фудбал
23. December 2021 - 13:08
Милан го искористи „кискот“ на Наполи во дербито против Специја
Откако пред четири дена Наполи благодарение на Ељиф Елмас го доби дербито со Милан, сепак тимот од Неапол, не се задржа долго на втората позиција на табелата.
Причината е големиот „кикс“ кој „натполитанците“ го направија во дуелот од 19.коло против Специја и тоа на домашен терен, а кој го загубија со 1-0.
За непријатноста да биде дополнително поголема се погрижи, Бразилецот, Хуан Хесус кој си постигна автогол во 37-минута, што се покажа и како клучен момент на мечот.
Поразот на Наполи го искористи Милан кој на гостински терен кај Емполи славеше победа со 4-2, па сега „росо-нерите“ се на втората позиција на табелата со 42 бодови, три повеќе од Наполи, а четири помалку од лидерот и лут милански ривал Интер кој во оваа рунда беше подобар од Торино со 1-0.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->