Loading Video...
Фудбал
7. January 2022 - 11:32

Милан ја надигра Рома, дербито Јувентус - Наполи без победник

Два дерби дуел се одиграа во рамките од 20.коло на Серија А. 
 
Екипата на Милан славеше победа со 3-1 во дуелот со Рома. 
 
Со головите на Оливие Жиру во 8-та и Жуниор Месиас во 17-минута „росонерите“ најавија дека бодовите ќе останат на „Сан Сиро“, иако Абрахам во 40-минута ја намали предноста на Милан. 
 
Неизвесност околу конечниот епилог ја прекина 22-годишниот Португалец, Рафаел Леао со голот во 82-минута поставувајќи ги конечните 3-1 за Милан.
 
 
Во Торино, Јувентус и Наполи одиграа без победник 1-1.
 
Гостите го добија првиот дел со голот на Мартенс постигнат во 23-минута.  Во вториот, Киеза во 54-тата минута го постигна голот за израмнување. 
 
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој во последен миг доби негативен резултат од Ковид тестирањето, ги одигра завршните 15 минути
 
По овие натпревари. Милан се зацврсти на второто место на табелата со 45 бодови еден помалку од градскиот ривал Интер кој има и натпревар помалку. Наполи е трет со 40 бодови, а по него следуваат Аталанта со 38 и натпревар помалку, односно Јувентус кој е петти со 35 бодови.