Loading Video...
Фудбал
13. February 2022 - 15:43

Милан ја победи Сампдорија и изби на првото место во Серија А

Екипата на Милан забележа победа над Сампдорија со 1-0 во натпревар од 25.коло на Серија А. 
 
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Португалецот, Рафаел Леао уште во 8-та минута. 
 
Со трите освоени бодови, но пред се благодарение на нерешениот резултат на вчерашното дерби меѓу Наполи и Интер кое заврши 1:1, сега екипата на Милан е лидер на табелата. 
 
„Бјанко-нерите“ имаат 55 бодови, еден повеќе од Интер, а два повеќе од Наполи. Сепак тимот на Интер има одиграно еден натпревар помалку од конкурентите