Loading Video...
Фудбал
25. April 2022 - 14:11
Милан со пресврт и гол во 92-минута славеше на гостувањето кај Лацио
Важна победа во трката за Скудетото во Серија А остварија фудбалерите на Милан кој на гостувањето во Рим кај Лацио славеа победа со 2-1.
Иако домаќините со голот на Имобиле уште во 7-минута поведоа со 1-0, сепак на крајот останаа без бодови.
За тоа се погрижија Оливие Жиру кој во 50-тата минута го израмни резултатот и Тонали кој во втората минута од судиското дополнеие го постигна победничкиот гол за Милан за конечни 2-1.
Со оаа победа Милан се врати на врвот на табелата со 74 бодови, два повеќе од градскиот ривал Интер кој има средба помалку.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->