Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
Миле Тодоров на возраст од 28 години кој се води за исчезнат од месец јануари, виден е кај планината Серта, се вели во објавата на социјалните мрежи, со која се бара да се споделува, бидејќи е важно, за да се пронајде младиот неготинец.
-Од очевидци, нашиот другар, пријател, брат, Миле Скечо е виден како се движи покрај планината Серта, релација Неготино-Штип. Најбитно е секој што патува натаму доколку го забележи, бил ослабнат со долга коса и брада, да пријави веднаш во најблиската полициска станица, би ве замолиле и за да можиме во што поголем број да дејствуваме, пишува во објавата.
Според информациите што претходно беа споделени, тој последен пат бил виден на 30 јануари.
Од СВР Велес на неколку пати имаат кажано дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.
Ново на Сител
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи