Loading Video...
Фудбал
16. March 2022 - 19:56
Милевски: И Италија има слабости кои можат да се искористат за победа
Македонската фудбалска репрезентација од денеска и официјално стартуваше со подготовките за бараж дуелот со Италија во Палермо кој се игра за пласман на СП во Катар.
Селекторот Благоја Милевски повика 27 играчи и најави игра на победа против големиот фаворит.
На списокот на Милевски се речиси сите фудбалери кои играа на претходните натпревари. Нови имиња се повратникот Давид Бабунски неговиот брат Доријан а повикан е и голманот на Шкупи Кристијан Наумовски. Поради мала минутажа не е во комбинација Илија Несторовски
Собирот на репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Првиот тренинг е во понеделник во 19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На 22. март во 17:00 часот со чартер лет, репрезентацијата патува за Палермо каде што ќе се одигра натпреварот против Италија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->