Милевски: Оптимист сум дека после кризата во Украина ќе се промени и односот на Бугарија кон нас

Се надевам, оптимист сум дека после оваа криза ќе се промени и односот на Бугарија кон нас, дека оваа криза ќе има позитивен притисок врз нивниот однос, дека ќе тргнеме заедно напред, а не да бидеме кочничари, посочи министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
На вечерашното гостување на Телевизија 24, Милевски рече дека Европа е загрижена, и ако не го спречиме ова однесување на Путин, не знаеме каде ќе се прошири.
– Сакаме да живееме во цивилизација, во слободно општество, европски вредности, и ако така сакаме, треба да го спречиме ова лудило на Путин, треба да бидеме солидарни со Украинскиот народ, рече министерот.
Според него, со Преспанскиот договор се овозможи Македонија да биде членка на НАТО и сега преку примерот на Украина видовме колку е важно да се биде членка на НАТО.
Ново на Сител
-

Трамп: НАТО направи многу „глупава грешка“
-

Иран го нападна Израел со една од најнапредните балистички ракети
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
