Фудбал
6. November 2026 - 10:44

Милнер се подготвувал за дебитантскиот маратон со помош на вештачка интелигенција

Поранешниот англиски фудбалер Џејмс Милнер (40) во неделата настапи на престижниот светски маратон во Њујорк, обелоденувајќи денеска дека користел програма за тренинг со вештачка интелигенција.

Милнер истрча време од три часа, девет минути и четири секунди во своето маратонско деби.

„Најдолгата делница што некогаш сум ја истрчал е нешто повеќе од 32 километри. Неколку пати стигнав до 30, а потоа користев вештачка интелигенција како програма за тренинг“, изјави поранешниот фудбалер од средниот ред на Лидс, Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и Брајтон.

Милнер стави крај на својата активна кариера во јуни оваа година, по 24 сезони и рекордни 658 натпревари во Премиер лигата.

Во текот на својата кариера Милнер освои 13 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампиони и Премиер лигата со Ливерпул, како и две премиерлигашки титули со Манчестер Сити.

За англиската репрезентација одигра 61 натпревар и постигна еден гол. 

МИА