Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
Минатата година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи на македонските патишта, а над 7.000 биле повредени. Иако бројките варираат од година во година, причините речиси секогаш се исти, алкохол, брзо возење, непрописно престигнување и сe почестото користење мобилни телефони зад волан. Дополнителен ризик претставува и управувањето возило без положен возачки испит , практика што директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во знак на почит кон жртвите и со цел намалување на бројот на несреќи, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, во соработка со СВР Струмица, реализираше едукативна кампања на подрачјето на општина Босилово.
Во рамки на активностите активно се вклучи и самата општина. Заедно со учениците од основните училишта беше организиран и марш, со кој младите ја испратија пораката за повнимателно и побезбедно учество во сообраќајот.
Дополнително, најмладите своето видување за темата го изразија и преку ликовни творби преку кои уште еднаш испратија апел за одговорно однесување на патиштата, потсетувајќи дека безбедноста во сообраќајот е заедничка грижа.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
