Македонија
29. December 2025 - 11:16

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 22 до 28 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 114 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. 

МИА

Ново на Сител