Минатиот месец најтопол октомври во изминатите 15 години во Грција
Минатиот месец бил најтоплиот октомври во Грција во изминатите 15 години, согласно податоците од мрежата од 51 метеоролошка станица на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што пишува Метео, во октомври годинава просечната вредност на максималните дневни температури варирала на екстремно високи нивоа речиси низ целата земја, споредено со просекот од периодот 2010-2019 година.
Најголемите зголемувања на температурата биле регистрирани во северна Грција со 3,5 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната, додека пак во централна и западна Грција, како и на Пелопонез, температурите биле за 2,7 до 2,8 степени повисоки од просечните за овој период од годината.
Во Атина, просечната температурата била за 1,9 степени повисока, а 25 од 31 ден во месецот биле потопли од нормалното за октомври, додека пак во Солун 27 дена во месецот биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година.
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
