Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, изјави дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.
- Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. За првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор, истакна Минчев синоќа во интервју за ТВ Сител.
Појасни дека Предлог-законот е изработен од интерресорска работна група, предводена од Министерството за јавна администрација, со учество на Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.
- Законот се однесува исклучиво на директорите, заменик-директорите, членовите на управните одбори и државните секретари, кои се двигатели на институционалната стабилност и континуитетот во работата на институциите. Клучните новини се содржани во три пункта: воведување мерит-систем со постапка и јасни критериуми за избор, рационализација на управните одбори и строга регулација на В.Д. функциите, изјави министерот.
Минчев посочи дека бројот на членови во управните одбори ќе биде ограничен на максимум три, со што се прават значителни заштеди во државниот буџет и се прекинува досегашната пракса на нефункционални и преобемни управни тела.
- Со овој закон се става крај и на злоупотребата на В.Д. функциите, кои со години се користеа како механизам за заобиколување на системските решенија. Наместо привремени и политички решенија, воведуваме јасна, законска и професионална постапка, посочи тој.
Минчев нагласи дека целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати.
МИА
Ново на Сител
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
