Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
Менталното здравје на бремените жени и мајките во постпородилниот период ниско на агендата на македонските институции. Анализата на Реактор открива дека во само еден јавен документ, и тоа декларативно, се препознава важноста на менталното здравје на мајките. Воедно, во целата држава постои само една група за поддршка на менталното здравје на мајките и децата, што значи дека пристапот до грижа е сериозно ограничен, особено за жените кои живеат надвор од главниот град.
Во Македонија жените се поттикнуваат да раѓаат деца, но не се доволно поддржани во зачувувањето на нивното ментално здравје во тој процес.
Од Реактор ја нагласуваат потребата менталното здравје на мајките да се интегрира во националната стратегија за здравство. Тоа подразбира изработка и донесување национален протокол за перинатално ментално здравје, како и обезбедување соодветен буџет за негова имплементација.
Истражувањето на Реактор е спроведено во партнерство со Психилариум и со поддршка на Француската амбасада во Македонија.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
