Македонија
5. October 2026 - 8:32

Министерот Андоновски на првиот академски час на „Еуропа Прима“ и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ денеска со свечен прв академски час ќе ја почне академската 2026/27 година и ќе го означи стартот на одбележувањето на 20 години од своето постоење.

Свеченоста ќе се одржи во Кинотеката на Македонија со почеток во 12 часот, а на неа е најавено обраќање на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Пред новата генерација студенти ќе се обрати и ректорот на Универзитетот, проф. д-р Александар Трајковски, кој ќе ги поздрави бруцошите и ќе ги претстави студентите што во изминатата година освоија значајни меѓународни признанија на театарски и филмски фестивали.

Во рамки на настанот, проф. Златко Шумковски од Универзитетот во Келн ќе ги претстави насоките за натамошниот развој на соработката меѓу Македонија и Германија во областа на дигиталните медиуми.

На свеченоста ќе присуствуваат и гости од повеќе странски универзитети со кои „Еуропа Прима“ соработува преку програмата „Еразмус+“, како и претставници на Фестивалот на Југоисточна Европа, кој Универзитетот го организира во Париз, Берлин и Вашингтон.

Според организаторите, на крајот од настанот свечено ќе им бидат врачени индексите на студентите од новата генерација.

 

МИА

Ново на Сител