Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата

По повод 21 Март – Светскиот ден на шумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, најави дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот закон за заштита на природата.
Според него, со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели.
Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно богатство, кои покрај тоа што се дом на богат биодиверзитет, обезбедуваат чист воздух и вода и имаат клучна улога во ублажувањето на ефектите од климатските промени. Интегралната заштита и стратешкото управување со овие ресурси се од суштинско значење за одржување на природната рамнотежа и обезбедување на еколошка стабилност на државата.
Министерството упатува отворен повик до надлежните институции, стручната заедница и граѓанскиот сектор за активна вклученост во претстојниот консултативен процес. Заштитата на природата е заедничка општествена одговорност и директна инвестиција во иднината, поради што е неопходен широк придонес во креирањето на квалитетно и сеопфатно законско решение, кое ќе одговори на современите еколошки предизвици.
МИА
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
