Македонија
27. September 2025 - 9:30

Министерот Љутков на трибина во Крушево по повод Светскиот ден на туризмот

По повод одбележувањето на 27 Септември – Светскиот ден на туризмот, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска во Крушево ќе се обрати на трибина на тема „Одржлива трансформација во туризмот“.

Според програмата, предвидена е дегустација на традиционални крушевски специјалитети.

Светскиот ден на туризмот е можност да се поттикне свеста за значењето на туризмот како двигател на економскиот развој, одржливоста и културната размена. 

 

МИА