Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции

Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и привлекување нови инвеститори, очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларни претставништва со стопанските комори.
Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентираше план на активности и мерки што како Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ќе се преземат за стимулирање на извозот особено на услуги и за привлекување нови инвеститори со цел подобри економски резултати на државата.
- Имаме концепт во четири точки, којшто значи мобилизација на нашите компании, мобилизација на ресурсите на државата во државата, но исто така и нов модел на мобилизација на нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Во следниот период, ќе продолжиме на дело да ги имплементираме заедно со стопанските комори, со македонските компании, овие мерки и секако се надеваме на подобри економски резултати кои ќе значат поголема додадена вредност за македонската економија, изјави Муцунски.
МАСИТ, како што рече претседателот Јордан Димитровски, ги поддржуваат активностите што ги најавува министерот.
Целите на МАТИС како стопанска комора на ИКТ индустријата се јасни, што повеќе домашни компании на меѓународните пазари, што повеќе потпишување договори од аспект на додадена вредност на производи и поголем развој на македонските компании од извозна гледна точка, изјави Димитровски.
Посетата на МАСИТ е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ги почна неделава со раководствата на стопанските комори и сродни организации. Претходно тимот на МНРиНТ беше во посета на организацијата „Македонија 2025“.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Одлуката на САД ќе погоди многу мал дел македонски државјани
-

СДСМ: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
