Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.
Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци.
Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.
Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.
- Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги, соопшти Министерството за транспорт.
Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1
МИА
Ново на Сител
-

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите
-

Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице
-

Американски министер: Во САД ќе биде безбедно, но секогаш постои осамен волк
-

Забрана за капење во Пефкохори
-

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните
-

Муцунски во Истанбул: Силните политички односи со Турција мора да се преточат во уште посилна економска соработка
-

Германка третпат роди близнаци
-

Приведено едно лице во штипско, затекнат е како потпалува сува трева
