Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви

Министрите за енергетика на земјите од Г7 денеска се откажаа од непосредна одлука за ослободување на стратешките нафтени резерви и побараа од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ја процени ситуацијата пред да преземе понатамошни чекори.
ИЕА најави вонреден состанок на своите членки за да обезбеди детална процена на можните сценарија.
– Сите се подготвени да преземат мерки за стабилизација на пазарот – изјави францускиот министер за финансии Ролан Лескир, додавајќи дека министрите побарале од ИЕА да разработи опции за потенцијално ослободување на резервите на нафта и дека е важно да постои подготвеност да се дејствува во секој момент.
По најавата, цените на нафтата паднаа за околу седум отсто, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп предвиде дека конфликтот на Блискиот Исток би можел наскоро да заврши, што ги ублажи стравувањата од долготрајни нарушувања во снабдувањето.
Лидерите на Европската унија подоцна денеска ќе разговараат за конкурентноста и цените на енергијата во кризата, вклучувајќи ги и разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и белгискиот премиер Барт Де Вевер.
Европските влади се соочуваат со потенцијал за повторување на енергетската криза од 2022 година, кога високите цени на енергијата принудија некои индустрии на привремен прекин на работата по руските напади врз Украина.
ЕУ увезува повеќе од 90 отсто нафта и околу 80 отсто гас, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен укажа дека моменталната криза јасно ја покажува ранливоста на Европа поради зависноста од скапиот и нестабилен увоз на фосилни горива.
Членки на Г7 се Соединетите Американски Држави, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција.
МИА
Ново на Сител
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
-

Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките
