Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот.
Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во одредени региони, безбедносната состојба во државата е стабилна.
- Да, апсолутно, државата е безбедна. Има постојано геополитички бранувања, но ние гледаме во нашиот дел. Ние сме дел од едно огромно семејство - НАТО, а веќе следниот месец ќе се одржи министерски состанок на алијансата, на кој детаљно ќе се разговара за актуелните случувања. И покрај новите жаришта и внатрешни случувања во одредени региони, можам да потенцирам дека безбедноста во државата е на највисоко ниво - оцени министерот Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
-

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено
-

Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“
-

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Литванија и Малта со рекорден раст на туризмот во Европа во 2025 година
