Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата.
-Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, колективната безбедност е заедничка. Дали сме способни? Апсолутно. Јас морам да ја пофалам Армијата бидејќи сме институција со најмногу вежби, со најмногу придонес. Секојдневно учествуваме во различни мисии и навистина сме спремни за сите предизвици - изјави министерот Мисајловски.
Во интервју за Тема на денот на ТВ Сител, Мисајловски рече дека се менуваат стретешките документи, а со тоа ќе се зголеми и нашата борбена моќ.
-Тоа значи дека ќе можеме да набавуваме нови системи и тоа ќе биде многу скоро. И она што моментално го размислуваме и го работиме и набрзо ќе има и такви договори се во противвоздушната одбрана. Се разбира, тука се и дроновите кои на различни начини ќе ги набавиме. Имаме состаноци да видиме дали може да има и македонски дронови, со македонски компании. На тој начин средствата што се одвојуваат до нас од Министерство за финансии, од сите граѓани, како да ги употребуваме да вложуваме во македонски компании за да се развива воената индустрија - најави Мисајловски.
Министерот рече дека би било добро дел од средствата од Буџетот што се одвојуваат за одбрана да може да добиваат и македонски компании со развој на воена индустрија. Мисајловски ги повика експерите и пратениците да придонесат за развој на оваа идеја.
-Веќе има неколку компании. Од утре почнуваме да се гледаме со компании на оваа тема и тие да дадат инпут како ова да го направиме за да видиме дали тие средства да останат тука. Секоја земја го прави тоа. Отвораат свои фабрики, инвестираат во свои фабрики. Мислам дека и ние натаму треба да гледаме - рече министерот за одбрана.
Тој посочи дека стигнува многу опрема како и сите возила, меѓу нив и страјкерите што до крајот на месецот ќе бидат ставени во употреба, а за хелихоптерите Леонардо рече дека до крајот на годината треба да стигнат два, а во наредните години сите осум. Стигнати се и дел од мистрал системите.
-Она што дополнително секој граѓанин треба да го знае е дека 16 нови договори потпишавме со САД за различен вид на опрема. Тука има беспилотни летала, софтвери, решенија... ќе унапредуваме многу зависно колку ќе имаме средства во буџетот. Се ќе биде за Армијата. Дел е модернизација, дел човековите ресурси, плата итн, дел за инфраструктура - рече Мисајловски.
Министерот за одбрана најави дека во следните неколку недели ќе има разговори со министерката за финансии за платите и оти очекува вработените да бидат многу задоволни. Во однос на прашањето за припадниците на Армијата кои наполниле 45 години, Мисајловски рече дека е разговарано со синдикатите и прифатливо е да останат сите опции - останување во МО како цивил, добивање отпремнина или вработување во други институции.
-Целта на ова што го работиме е промена на правилници и со закон е секој да има можност да остане во Армијата, да има можност да ја носи униформата, да е задолжен со оружје и директно она што работел до 45 години да го примени во Армијата - рече Мисајловски додавајќи дека конечното решение сака да биде заедно со синдикатите и оти тоа може да се очекува во следните недели.
МИА
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
