Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
Организаторот на играта на македонската репрезентација Марко Митев постигна пет гола во денешната победа над Катар со 39:34 и беше прогласен за играч на натпреварот.
Митев е задоволен од прикажаната игра на целиот македонски тим и најави борбена игра и со големиот фаворит Франција.
– Со Катар одевме на се или ништо. Моравме да победиме. Го знаевме тоа. Бевме многу фокусирани и подготвени. Оваа победа многу ни значи. Голема благодарност до навивачите кои ни даваа поддршка, тие се нашиот ветер во грб, изјави Митев.
За следниот натпревар, со Франција в сабота, бекот на Алкалоид посакува изненадување.
– Ќе пробаме да го изненадиме фаворитот. Имаме два дена да се подготвиме и да влеземе максимално ангажирано. Овде сме дојдени да победуваме. Очекувам цел мој тим да биде фокусиран, додаде Митев.
Во моменталниот поредок, Македонија е на 3. место на табелата во Групата-2 на СП 2025 со четири бодови и со теоретски шанси за четвртфинале.
Ново на Сител
-
Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли