За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
За еден ден МВР приведе пет лица од Скопје, Тетово и Струмица кои вчера подметнале пожари на различни локации.
Полицијата објави и видео од скопско Кондово на кое се гледа како едно лице полева автомобил со бензин, а потоа и го пали. 35-годишникот е приведен, поднесена му е кривична пријава за предизвикување општа опасност, а судот му опредени и мерка притвор во траење од 8 дена.
Приведени се и двајца турски државјани, кои во Горно Нерези предизвикале пожар додека работеле со апарат за заварување. Искрите зафатиле сува трева, а пожарот се проширил и навор од плацот.
Експресно е приведен и 42-годишен маж од струмичко осомничен дека вчера подметнал пожар во Василево од кој била зафатена нива со сува вегетација. Пожарот бил навремено изгаснат, повредени лица нема, а ОЈО Струмица работи на расчистување на случајот.
Во полиција е задржан и 70-годишник од Тетово. Според МВР тој вчера подметнал пожар во село Чифлик, додека ја чистел неговата нива, а потоа ја запалил собраната сува трева.
Полицијата сепак се уште работи на расчистување на подметнатиот пожар во автосервисот во Пинтија, за кој исто так беше објавена и снимка од палењето на 20-тина автомобили.
Осомничени нема ниту за пожарот во Вардариште, додека за оној во Трубарево 4 лица завршија во притвор. Снимките од дрон од пожарот во Трубарево кој беше кулминација на пожарите во скопско покажуваат дека местото е целосно покриено со земја, но жителите во овој регион се жалат дека се уште се чувствува јак мирис на изгорена пластика и батерии. И последниот извештај на Министерството за животна средина покажа речиси двојно повисоки вредности на ПМ 10 честички, 12 пати повисоки вредности од дозволеното на Кадмиум, зголемени вредности на Олово и Арсен во Трубарево.
Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски повеќе пати изјавија дека постојат сериозни сомневања дека пожарите се напад од центри на моќ од земјава и странство.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар