Македонија
5. November 2026 - 12:21

Следната недела надзорна расправа за работењето на Алта банка во Собранието

Алта банка од денеска почнува со исплата на средства на граѓаните без картички.

Како што вчера информираше Народната банка, граѓаните ќе може да подигнат до 20.000 денари, што е максимален износ дозволен за повлекување во период од две недели.

Граѓание ќе добијат и СМС-порака за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.

Следна среда во Собранието ќе има надзорна расправа за работењето на банката.