Млади девојки и жени пријавуваат семејно насилство
Младите девојки и жени, во последниот период многу почесто пријавуваат семејно насилство, во споредба со повозрасните припаднички на понежниот пол, покажале истражувањата на невладината „ЕХО“ од Штип, која 18 години ја обработува оваа проблематика.
- Кај нас е зголемен бројот, особено на млади девојки кои што многу рано стапиле во брак и кои што сфаќаат, можат да го идентификуваат и да го препознаат насилството и дефинитивно тие многу побрзо се решаваат да го прекинат тој ланец на насилство, затоа што се свесни дека може да настане транс генерациски пренос на насилството, изјави Бети Пеева, НВО „ЕХО“- Штип.
Новиот Закон за семејно насилство, во кој се инкорпорирани стандардите на Истанбулската конвенција, го третира насилството врз жените не само внатре во семејството, туку и на јавен простор, на работно место и во образовниот процес. Во Штип е стандардно висок процентот на жени кои пријавуваат насилство, но висок е и процентот на решени случаи, што се должи на работата на мулти секторскиот тим.
- Се состои од претставници од полиција, обвинителство, од судство, од здравство, општината, од Центарот за социјална работа и благодарение на тоа можам да се пофалам дека имаме најдобар исход на случаите со кои што ние работиме во нашата земја, додаде Пеева.
Во Ковид пандемијата и пост карантинскиот период се зголеми бројот на пријавени случаи на семејно насилство, а досега 84 жртви побарале помош од институциите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар