Loading Video...
Фудбал
18. December 2021 - 18:21
Младите фудбалери (У21) на Македонија и Косово одиграа без победник 3-3
Откако пред два дена, младите македонски фудбалери славеа победа со 1-0, денеска во вториот мечо против селекцијата на Косово одиграа нерешено 3-3.
На натпреварот што се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски" крај ФФМ, беа пет од шесте голови беа постигнати во вториот дел откако првиот им припадна на нашите младинсци со 1-0.
Гостите од Косово во вториот дел направија целосен резултатски пресврт и имаа водство со 3-1, но избраниците на селекторот Драги Канатларовски покажаа каракте и успеаја да се вратат во игра, а со головите на Абази и Тодоровски од пенал стигнаа до израмнување.
Црено-жолтите имаа уште неколку шанси да стигнат и до победа, но резултатот остана непроменет 3-3.
Овие натпревари селекторот Канатларовски користеше помлади фудбалери од генерациите 2002/2003, од кои во блиска иднина дел од нив сигурно ќе бидат кооптирани во тимот со повозрасните во младинската репрезентација.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->