Младите ширум светот сè помалку физички активни

Без разлика дали станува збор за привлечноста на видеоигрите и стрим-апликациите, или за притисокот од училишните обврски како причина, адолесцентите ширум светот сè повеќе ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено; еден од четворица признава дека, во текот на последната седмица, не практикувал „најмалку 60 минути физичка активност во ниту еден ден“, посочува ново истражување.
Според испитувањето спроведено од научници од британски универзитети и Светската здравствена организација (СЗО), само 14 отсто од младите на возраст од 11 до 17 години, на светско ниво, изјавиле дека биле „физички активни“ секој ден во неделата пред анкетата. Истражувањето се заснова на податоци од анкети спроведени меѓу 3,2 милиони деца и адолесценти во 140 земји. Посочувајќи на „значителни разлики меѓу земјите“, СЗО истакна дека во некои држави само 3 – 4 отсто од адолесцентите изјавиле дека немале ниту еден ден со физичка активност во изминатата недела, додека во други земји оваа бројка надминувала 40 отсто. Тинејџерите од Финска и Канада, патем, се покажале како најактивни – околу 30 отсто од младите во двете земји навеле дека секојдневно практикувале физичка активност во последната недела. Освен тоа, според наодите, 11-годишниците се физички активни почесто од 17-годишниците.
„Физичката активност за време на адолесценцијата го подобрува сегашното и идното физичко и ментално здравје и придонесува за спречување незаразни болести“, напишаа истражувачите во научниот труд објавен во британското медицинско списание „Лансет“ (The Lancet).
Адолесцентите од Обединетото Кралство и скандинавските земји беа малку над глобалниот просек – со 17 отсто, додека оние од Германија, Франција и Италија се најдоа при дното, со бројки од 13 отсто, 11 отсто, односно 9 отсто, соодветно.
„Физичката неактивност е еден од главните фактори на опасност од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и одредени видови рак“, предупредува СЗО.
Податоците, исто така, откриваат дополнителни разлики во зависност од полот и возраста. Според наводи од Универзитетот во Оксфорд, 21 отсто од момчињата во Обединетото Кралство се физички активни најмалку 60 минути секој ден, додека кај девојчињата таа бројка изнесува само 13 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
