МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија

Тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија, потврдија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Како што наведуваат од МНРНТ, во несреќата се повредени и уште две лица кои се наоѓале во возилото, кои исто така се македонски државјани.
- До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер - стои во соопштението.
Македонската Амбасада во Љубљана, додаваат, е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.
Според Словенечки Автомото, несреќата се случила вчера попладне, кога поради дефект камионот застанал во просторот за запирање, а возачот на автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката од, засега непозната причина. Во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот ја потврдил смртта на три лица на самото место. Едно тешко повредено лице било пренесено во болница со хеликоптер, додека повредениот возач бил пренесен со амбулантно возило.
МИА
Ново на Сител
-

Во поплавите во Непал 469 жртви, повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
