МНР на Србија: Загриженост поради симболите и пораките во Хрватска

Министерството за надворешни работи на Србија изрази загриженост во врска со новите и се почести појави на истакнување симболи и пораки поврзани со идеологија од периодот на Втората светска војна, што предизвика масовно страдање на српскиот, ромскиот и еврејскиот народ, како и антисрпски графити забележани во Хрватска.
„Јавните манифестации и собири не треба да станат полигон за истакнување пораки на омраза, историски ревизионизам и нетолеранција, туку можност за промовирање на меѓусебно почитување и толеранција“, нагласено е во соопштението.
Министерството посочува дека „верува дека трајната стабилност и меѓусебната доверба во регионот може да се градат исклучиво преку отворен и одговорен дијалог, меѓусебно почитување и внимателен став кон сложените страници од заедничката историја“.
„Република Хрватска, како земја-членка на Европската Унија, треба да игра значајна улога во промовирањето на тие принципи и во придонесот кон атмосфера на разбирање, толеранција и подобрување на добрососедските односи“, пишува на крајот МНР на Србија, кое не ја споменува причината за соопштението.
На плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб синоќа навивачи ја поздравија хрватската ракометна репрезентација, која во неделата го освои бронзениот медал на ЕП во Данска, а контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон настапи на приемот организиран од Владата на Хрватска, и покрај забраната од градските власти.
Во Хрватска, усташките симболи и графитите на омраза повторно се појавија, испишани на влезот во српското село Глушци во општина Метковиќ, јавија српските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
