Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо
Настапувајќи на дуелот против Шкотска синоќа во рамки на Лигата на нации, фудбалерот на мадридски Реал, Лука Модриќ го запиша 181. натпревар во дресот на хрватската репрезентација и се проби на второто место меѓу европските играчи со најмногу натпревари во националниот тим.
Модриќ досега со по 180 настапи го делеше второто место со својот поранешен соиграч од Реал, Шпанецот Серхио Рамос.
На врвот на вечната листа на европски играчи останува недопирливиот Кристијано Роналдо со 214 настапи за Португалија.
Модриќ дебитираше за хрватската репрезентација на 1 март 2006 година во пријателскиот натпревар против Аргентина. Со хрватската репрезентација настапи на четири мундијали (2006, 2014, 2018, 2022) и пет европски првенства (2008, 2012, 2016, 2020, 2024).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството