Модриќ може да се пензионира по Светското првенство

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.
Модриќ во септември ќе наполни 41 година.
Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување.
„Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на четири милиони евра.
Пред пет шест дена, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го објави составот за Светското првенство 2026. Модриќ е вклучен во списокот од 26 играчи.
Во сезоната 2025/26, Модриќ играше на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и имајќи три асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
