Модриќ става крај на кариерата по СП 2026

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира.
Според истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата.
Модриќ изминатата сезона настапуваше за Милан, а договорот со калчолигашот му истекува на крајот на овој месец.
Модриќ играше за Реал Мадрид од 2012 до 2025 година и со шпанскиот тим освои четири титули во Ла Лига и шест титули во Лигата на шампиони. Во 2018 година, Модриќ ја освои Златната топка.
Хрватска ќе игра во групата Л на Светското првенство 2026 година со Англија (17 јуни), Панама (24 јуни) и Гана (28 јуни).
МИА
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
