Моќен сок за имунитет и слабеење: Исфрла од телото се’ што штети!
Состојки:
4 средни моркови
2,5 сантиметри корен од ѓумбир
2 лимона (излупени)
2 чешниња лук
1 супена лажица јаболков оцет
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во соковник. Пијте го два дена сокот што ќе го добиете. Се пие три пати дневно. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 дена.
Овој сок успешно ги симнува килограмите, го снижува притисокот и го зајакнува имунитетот.
Морковот ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…
Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да ја подобри дигестијата. Ѓумбирот го снижува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.
Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето колаген.
Лукот е клучна состојка во овој моќен сок. Тој е природен антибиотик, па се користи за лекување инфекции. Го намалува крвниот притисок, а сојузник е и во борбата против канцер.
Јаболковиот оцет е волшебен еликсир богат со минерали и ензими, како и витамини. Помага во подобрувањето на работата на дигестивниот систем, се бори против киселините, го регулира нивото на шеќер во крвта.
Ново на Сител
-

40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково
-

Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
