МОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите, прекините на наставата не одат во прилог на нивниот правилен развој
– Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес. Тоа е суштината на постоењето на образовните установи и Министерството за образование и наука го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците.
Од МОН апелираат до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно – образовниот процес.
-Локалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна било каква дополнителна поддршка, затоа што сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите, се вели во соопштението од МОН.
МОН ги осудува постапките на субјектите кои ја попречуваа работата на неколку средни училишта во главниот град во изминатите денови и изразува надеж дека од страна на соодветите органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро.
Ново на Сител
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија