МОН во септември постигна заштеда на електрична енергија од 35 проценти
– Министерството за образование и наука постигна заштеда на електрична енергија од 35 проценти во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна. Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh, информираат од МОН.
Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука.
Од Министерството апелираат владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите. с
Ново на Сител
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
