Македонија
29. јуни 2026 - 19:57

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс

Полициски записници од контроли во „Пулс“ беа преентирани денеска во судница како докази во случајот против деветтемина обвинети полицајци. Јавното обвинителство кое ги гони полициските службеници за злоупотреба на службената положба, како поткрепа на обвинениетот, понуди документи од направени акциски контроли, утврдени прекршувања на јавниот ред и мир, затекнати малолетници и кражби во околината на „Пулс“.

Таквите докази, според обвинителството укажувале дека и покрај бројните неправилности, тоа не било пречка за полициајта да дозволи „Пулс“ да поседува лиценца за работа.

Одбраната, доказите ги оцени како нејасни. Сметаат дека пропустите кои ги утврдила полициајта не можат да се основа за обвинение. Според адвокатите, ни денес не е прецизирано кои околности би влијаеле да не се издаде согласност за работа на угостителски објект.

Деветтемина полицајци се обвинети дека овозможиле „Пулс“да добие лиценца за работа, иако, како што тврди обвинителството, објектот нема обезбедено доволно паркинг места. Судењето продолжува во четврток со тројца сведоци за проверките кои ги правеле обвинетите полицајци, а биле важни за добивање на согласноста за работата на „Пулс“.