Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација по завршувањето на денешниот состанок во истанбул, јави Анадолија.
Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на војната, изјавил украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
-Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И за прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашата средба, изјавил Умеров, пренесува Би-Би-Си.
Тој додал дека датумот на размена е утврден, но нема да биде објавен јавно.
Умеров исто така рекол дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и оти наскоро ќе биде објавено соопштение за можна нова рунда разговори
Разговарани се и „сите модалитети“ за прекин на огнот, додал Умеров.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана