Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
Мендух Тачи од ДПА го става на тест опстанокот на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Тачи е пратеник и дел од пратеничката група на Фронтот составен од неколку партии, но последните брифинзи од неговата партија е дека тој веќе раскрстил со опозициската коалиција. Од ДУИ денеска негираат дека пратеничката група, но и самата коалиција на Фронтот може да се распадне. За некакви недоразбирања на Тачи упатуваат на лидерот на ДПА.
Информациите за тоа дека Тачи го напушта фронтот на ДУИ доаѓаат само неколку дена откако беше организиран коалицискиот настан за критика на првите 100 дена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди. Лидерот на ДПА, кој во својата политичка кариера неколку пати ги промени страните, не беше присутен таму. Неофицијално, Тачи имал проблем со останатите лидери во во Фронот, меѓу кои и поранешниот соапртиец Села. Брифинзите се дека тој од сега ќе контактирал директно само со лидерот на ДУИ Ахмети, а во парламентот би дејствувал независно. Тачи денеска не е достапен за да го официјализира ваквиот став, но има информации дека тоа ќего сторел лично деновиве.
Од власта пак, резерверани во коментарите за можниот распад во албанската опозиција. Премиерот Мицкоски вели дека се грижи единствено за владината коалиција, а таа е стабилна.
Првиот вицепремиер Меџити, кој доаѓа од албанскиот партнер во Владата вели дека нема преговори со Тачи за влез во владејчкото мнозинство.
- Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена
Меџити, сепак, вели дека во наредниот период треба да се очекуваат информации за можни преминувања од албанската опозција во редовите на владејачката Вреди.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
