-->
-->
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-->
Осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција, изјави државниот обвинител Пам Бонди во интервју за Фокс њуз.
-Прерано е да се каже од правна гледна точка, но како што нагласи гувернерот, тие ќе бараат смртна казна, што е многу реално во Јута. Сè уште постои можност за стрелачки вод – рече Бонди.
Таа најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени денеска или подоцна оваа недела.
Претходно, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот на убиството. Тој исто така додаде дека истражителите веруваат дека убиецот на Кирк дејствувал сам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството