Преглед на вестите од светот
Израелската војска рано утрово го почна главниот дел од копнената операција за осовјувње на градот Газа , за кој вели дека е последното упориште на Хамас. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац изјви дека Газа гори и дека армијата дејствува со железна тупаница против инфраструктуара на Хамас. Целта на нападите вели Кац е да се создадат услови за ослободување на заложнците и пораз на милитантната група. Според извештаите на палестинските власти, околу 500 000 цивили се уште не го напуштиле градот.
Преку социјалните мрежи Хамас објави порака- тековната копнена офанзива на Израел во Газа не само што ги загрозува животите на Палестинците, туку претставува и значителна закана за животите на заложниците. Хамас држи 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи.
Во меѓувреме независна истражна комисија на Обединетите нации соопшти дека постојат разумни основи да се заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинцте во појасот Газа. Извештајот на комисијата од 72 страници наведува примери за обемот на убиствата, блокадите на помошта, присилното раселување и уништувањето на клиника за плодност за да го поткрепи својот наод за геноцид.
- Геноцид се случува во Газа. И ги именувавме трите лица за кои сметавме дека се одговорни. И рековме, и едното е премиерот (израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху), другото претседателот (израелскиот претседател Исак Херцог), а третото е поранешниот министер за одбрана (поранешниот министер за одбрана на Израел, Јоав Галант). Претседател на комисијата на ООН за истражување на окупираните палестински територии, Нави Пилај
Израелскиот амбасадор во Обединетите нации го нарече извештајот „скандалозен“ и „лажен.
- Три лица кои служат како посредници на Хамас, познати по своите отворено антисемитски ставови и чии ужасни изјави за Евреите се осудени, осудени низ целиот свет, денес објавија уште еден лажен извештај за Газа.- Израел категорично го отфрла клеветничкиот наратив објавен денес од оваа истражна комисија. Таа шири злонамерен, злонамерен наратив за геноцид. Извештајот отстапува од мандатот на комисијата, уште еднаш нагласувајќи ја нивната пристрасна анализа.“ ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОН ВО ЖЕНЕВА, ДАНИЕЛ МЕРОН,
Полските безбедносни сили синока соборија дрон кој летал над владини згради и претседателската палата Белведер во центарот на Варшава. Двајца белоруски државјани беа приведени во врска со инцидентот и полицијата ги истражува околностите на инцидентот, обајви премиерот Доналд Туск. Полска собори руски беспилотни летала минатата среда во првата позната акција од ваков вид од страна на членка на НАТО за време на војната на Русија во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе испрати три борбени авиони „Рафал“ за да помогне во заштитата на воздушниот простор на Полска, како дел од соработката со НАТО, по серијата инциденти со беспилотни летала на полска територија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар