Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми

Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија.
Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци.
Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ велат дека по успешната 2025 година и силната зимска сезона очекуваат продолжување на стабилниот раст и во наредниот период, поткрепен со зголемен број патници и проширување на мрежата на дестинации.
По војната на Блискиот Исток, дел од авиокомпаниите веднаш мораа да се прилагодат на настанатата состојба, а со тоа и да ги реорганизираат рутите и распоредите на летови, што индиректно се одрази и врз туристичките патувања на глобално ниво.
-Од гледна точка на ТАВ Македонија, како оператор на двата македонски аеродроми, нашата надлежност се аеродромските операции и обезбедување непречено и безбедно функционирање на услугите за сите авиокомпании и за патниците додека тие се на аеродромите. Секако, внимателно ја следиме состојбата и сме во постојана комуникација со авиопревозниците. Во овој момент не се очекуваат значајни промени во вкупниот број на летови и на патници, имајќи предвид дека најголемиот дел од сообраќајот на скопскиот и на охридскиот аеродром е поврзан со дестинации во географска Европа, особено Западна и Северна Европа, изјави за МИА Неџат Курт, главен извршен директор на ТАВ Македонија.
„Виз ер“, појснува тој, ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака откако интересот за резервации на авиобилети се намалил. - Значи, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, вели Курт.
Со летниот ред на летови, кој стартува ноќеска на полноќ ќе има 10 нови дестинации од двата домашни аеродрома.
Од Меѓународниот аеродром Скопје ќе сообраќаат 16 авиокомпании на 49 дестинации, а чартер летови ќе има кон шест дестинации, како и 20 дестинации кон кои ќе лета авиокомпанијата „Фри Брд Јуроп“.
Од Аеродромот Св. Апостол Павле, пак, ќе летаат седум авиокомпании до 13 дестинации, а чартер летови кон три дестинации на две авиокомпании.
На почетокот на новиот ред на летање, 29 март, стартува авиолинијата од Охрид до Милано, а од 30 март Скопје првпат се поврзува со Неапол, а повторно се воведува авиорутата до Будимпешта. Потоа од 17 мај, „Аустријан Ерлајнс“ ќе започне со летови од Охрид до Виена, а во јуни Виз ер ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав.
Од 15 јули стартува линијата од Скопје до Палермо, а од 18 јули започнува рутата Скопје – Алгеро.
Во првите денови од јуни, започнуваат и чартер летовите од Скопје до Трабзон на 2 јуни и до Самсун на 3 јуни на авиокомпанијата Anadolu Jet.
Според најавите, утре и официјално ќе почне реконструкцијата и модернизацијата на Охридскиот аеродром, која се очекува да биде завршена до крајот на мај годинава.
Со предвидените активности, според ТАВ Македонија, аеродормот конечно ќе добие нов лик, при што во терминалната зграда ќе се добие поголем простор за патниците, со цел поефикасни и покомфорни услуги.
ТАВ Македонија во овој проект вложува 2,7 милиони евра, а ќе опфати неколку клучни сегменти и ќе се реализира во неколку фази. Се очекува целосно да заврши до крајот на мај оваа година. Додека се одвива реконструкцијата, авиосообраќајот ќе се одвива непречено - изјави Курт.
Според него, домашните аеродроми ја заокружуваат зимската сезона со силни резултати, исто како и 2025 година, кои придонесоа за стабилен и одржлив раст во бројот на патници и на летови.
Во февруари годинава скопскиот аеродром опслужил 236.769 патници, што претставува зголемување од 33,2 проценти во однос на истиот месец во 2025 година, а биле реализирани 1.680 летови, за 19,4 проценти повеќе споредено со февруари лани.
-По успешната 2025 година и силната зимска сезона, ТАВ Македонија очекува продолжување на стабилниот раст и во наредниот период, поткрепен со зголемен број на патници и проширување на мрежата на дестинации. Со континуирана посветеност на квалитетот на услугите и инвестиции во инфраструктура и развој, компанијата останува фокусирана на унапредување на корисничкото искуство и одржлив напредок - вели Курт.
Во 2025 година Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година. Лани, двата аеродрома опслужија 26.500 летови, што е за 4 проценти повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година.
Летен распоред на летови за 2026 од Меѓународен Аеродром Скопје:
Дестинации и авиокомпании:
· Атина – Aegean Airlines
· Белград – Air Serbia
· Истанбул - Turkish Airlines
· Истанбул, Анкара и Бодрум – AJet
· Виена – Austrian Airlines
· Цирих – Chair Airlines и Edelweiss
· Загреб – Croatia Airlines
· Париз (Орли) и Женева – EasyJet
· Варшава – LOT Polish Airlines
· Франкфурт – Lufthansa
· Осло – Norwegian Air Shuttle
· Истанбул (Сабиха Гокчен), Измир и Анталија – Pegasus Airlines,
· Анталија и Измир – Sun Express
· Wizz Air - Алгеро, Барселона, Бари, Базел-Милуз, Милано-Бергамо, Берлин, Болоња, Братислава, Брисел-Шарлероа, Будимпешта, Келн, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт-Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Мадрид, Малме, Малта, Минхен-Меминген, Неапол, Нирнберг, Палермо, Прага, Стокхолм, Штутгарт, Осло-Сандефјорд, Париз-Бoве, Рим-Фјумичино, Венеција-Тревизо, Баден-Баден (Карлсруе), Љубљана, Лондон-Лутон.
Чартер летови:
· Ajet - Анталија, Чукурова, Анкара, Дијарбакир, Самсон, Трабзон
· Freebird Airlines – Анталија, Брисел, Брисел/Марсеј, Минхен/Виена, Копеханген/Булунд, Берлин/Хамбург, Франкфурт/Штутгард, Дизелдорф/Франкфурт, Париз, Лион/Марсеј, Манчестер/Лондон, Дизелдорф, Стокхолм/Гетеборг
· Хургада - Nesma Airlines и Nile Air
· Монастир - Nouvel air
· Чукурова - Pegasus Airlines
· Дијарбакир -Turkish Airlines
Дополнително, на овие шест дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија, за време на летниот распоред на летови за 2026 година:
· Анталија (Pegasus и SunExrpess и чартер од Ajet, Freebird Airlines)
· Франкфурт (Lufthansa до аеродромот во Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан)
· Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и Ajet до аеродромот Сабиха Гокчен)
· Измир (Pegasus и SunExpress)
· Цирих (Edelweiss и Chair Airlines)
· Осло (Осло Сандефјорд од Wizz Air и Осло – Norwegian Air Shuttle)
Летен распоред на летови за 2026 од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид:
Дестинации и авиокомпании:
· Цирих – Edelweiss и Chair Airlines
· Амстердам - TUI Fly
· Белград - Air Serbia
· Истанбул - Turkish Airlines
· Виена - Austrian Airlines
· Катовице, Вроцлав, Дортмунд, Минхен-Мемингем, Базел-Милуз, Штутгард, Милано-Малпенса, Братислава – Wizz Air.
Чартер летови:
· Базел-Милуз – GP Aviation
· Гетвик и Манчестер со TUI
МИА
Ново на Сител
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
