-->
-->
Му го запалил глисерот на брат му во Охрид, пожарот зафатил зграда и автомобил
-->
Фото://илустрација
Денеска во 03:00 часот по полноќ полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички